Папата се сретна со судиите од Римската рота

Светиот Отец на 23 јануари ги прими во аудиенција членовите на судот „Римска рота“, на денот со кој почнува судската година. Размислувајќи за валидноста на согласноста која ја изразува брачниот пар, судијата треба да води сметка за состојбата на вредностите и верата или за нивниот недостаток или непостојаност во кои се обликува брачната намера. Затоа го поттикна споменатиов суд на поголемо залагање за доброто на бројни парови кои се обраќаат до Црквата за да ја разјаснат својата брачна состојба.

Папата го искористи отворањето на новата судска година со цел да го понуди своето размислување за човечките и културните прилики во кои денес се склопува брак. Кризата на вредности сигурно не е неодамнешна појава, спомна папата Фрањо. Веќе блажениот Павле VI предупредуваше на болеста на современиот човек кој понекогаш е ранет од системскиот релативизам. Напуштањето на погледот на верата немилосрдно поминува во погрешно сфаќање на бракот, што секако има последици во дозревањето на брачната волја.

Пасторалното искуство нѐ учи дека, денес голем број на верници се со нерегуларен статус, на чија историја силно имал влијание раширениот световен менталитет. Постои некоја врска на духовна световност, која се сокрива зад религиозниот изглед и дури зад љубовта кон Црквата, а која води до тоа да не се наследува Господовата слава, туку личната благосостојба.

Светиот Отец поттикна на поголемо залагање за нивната служба, која треба да го штити единството на правото во Црквата. Колку само има пасторална работа за доброто на бројните парови и бројните деца кои често се жртви на тие случувања!, истакна Папата и додаде дека и овде е потребно пасторално обраќање на црковните структури, со цел, на сите кои се обраќаат до Црквата да им се разјасни нивната брачна состојба.

Спомнувајќи на крајот, дека голем број на судски постапки и предмети на Римската рота се бесплатни, папата Фрањо истакна дека Светите Тајни се бесплатни. Светите Тајни ни даваат милост. А женидбената постапка се однесува на светата тајна женидба. Колку би сакал сите постапки да се бесплатни!, рече на крајот Светиот Отец.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот