Папата: Кој се доверува на Бог ништо не му недостасува

На светата Литургија на 14 март во домот Света Марта папата Фрањо повика на некои „драматични факти во последните времиња.“ Пред тие „долини на смртта“ во нашето време единствен одговор е да се довериме на Бог.

Бездомникот кој почина од студ во Рим, сестрите на Мајка Тереза убиени во Јемен, луѓето кои се болни во „земјата на пламенот“ – односно делот на Јужна Италија кој е познат по акумулираниот опасен отпад. На светата Литургија на 14 март во домот Света Марта папата Фрањо повика на некои „драматични факти во последните времиња.“ Пред тие „долини на смртта“ во нашето време единствен одговор е да се довериме на Бог. Дури и кога не сфаќаме сè – како во случај на ретка болест на едно дете – да се довериме во Господовите раце затоа што Тој никогаш нема да го остави својот народ сам.

Во денешното прво читање од Книгата на пророкот Даниил, Сузана праведна жена погрешно ја обвинуваат двајца старци затоа што не сакала да им угоди на нивните зли желби. Сузана се доверува на Бог и избира да умре невина отколку да постапи според грешниот план на тие двајца мажи. Дури и кога поминуваме во „мрачната долина“ не треба да се плашиме од злото – истакна Папата. Господ е секогаш со нас и не нè напушта, дури и во многу „долини на смртта“ на нашето време.

Кога ние денес гледаме толку долини на смртта, толку несреќи, мноштво луѓе кои умираат од глад, војна, толку инвалидни деца… се прашуваме: Каде си Господи? Одиш ли со мене? Тоа го чувствувала и Сузана, тоа го чувствуваме и ние. Како што рече Папата гледаме четири убиени сестри кои служеле од љубов, а се заклани од омраза. Гледаме затворена врата на бегалците кои се оставаат надвор на студот… и се прашуваме: Господи каде си? Како можам да се доверам на тебе ако ги гледам сите овие работи? На тоа прашање – рече папата Фрањо – постои само еден одговор: Не може да се објасни, јас за тоа не сум способен.

Зошто едно дете страда? Не знам; тоа за мене е тајна – призна Светиот Отец, додавајќи да моли за светлината на душата која ја имал Исус во Гетсиманија: „Оче нека ме одмине оваа чаша. Но нека биде твојата волја.“ Исус и со последните зборови на крстот се доверува на Бог: „Оче во твоите раце го предавам својот дух!“ Довери се на Бог кој оди со мене, кој оди со својот народ, со Црквата: тоа е чин на верата. Според зборовите на папата Фрањо: „Не знам зошто тоа се случува, но се доверувам. Ти знаеш зошто.“

Тоа е Исусовата поука: кој се доверува на Господ Кој е пастир, ништо не му недостасува. Дури и ако поминува низ долината на смртта, знае дека злото е привремено, дека тоа не е дефинитивно заради Господовото присуство. Тоа е милоста за која треба да молиме: Господи научи ме да се предадам во твоите раце, твоето водтство и во тешките мрачни моменти, во моментот на смртта.

Би било добро денес да размислуваме за сопствениот живот, за проблемите кои ги имаме и да молиме за милост да се довериме во Божјите раце; да размислуваме за многу луѓе кои го немаат ниту последниот благ допир во моментот на смртта – рече Папата, објаснувајќи: Пред три дена умре овде на улицата еден бездомник од студ. Среде Рим во градот со сите можности за помош. Зошто Господи? Ниту благ допир… Но ти се доверувам затоа што Ти не разочаруваш Господи – заврши Папата – јас не те разбирам. Таа е убава молитва. Но и не разбирајќи се предавам во твоите раце.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот