Меѓурелигискиот дијалог е составен дел од посланието на Црквата, не само заради мирниот соживот меѓу народите, туку и за понатамошно истражување на Божјото таинство, станувајќи така дијалог за спасение
Папата Фрањо на 3 јули 2019 година го именува новиот секретар во Папскиот совет за меѓуреигиски дијалог, надбискупот Индунил Џанакартан Кодитуваку, досегашен заменик секретар на тој совет. Меѓурелигискиот дијалог е составен дел од посланието на Црквата, не само заради мирниот соживот меѓу народите, туку и за понатамошно истражување на Божјото таинство, станувајќи така дијалог за спасение – рече во интервју во 2012 година за Union of Catholic Asian News новиот секретар на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог, опишувајќи ја важноста за конструктивно разговарање меѓу различните конфесии.
Надбискупот Индунил Џанакартан Кодитуваку е роден 1966 година во Шри Ланка и е ракоположен за свештеник во бискупијата Бадула. Бил професор во Рим на Факултетот за мисиологија на Папскиот универзитет Урбанијана. Папата Бенедикт XVI во 2012 година го именува за заменик секретар на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог. Надбискупот Индунил Џанакартан Кодитуваку на местото секретар го наследува шпанскиот бискуп Мигуел Ангело Аусо Гихот, кој на чело на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог беше поставен по смртта на кардинал Жан Луси Туран.
Ватикан њуз/к.мк