Папата Фрањо именува двајца нови потсекртари на Епископската синода. Станува збор за Августинецот отец Марин Де Сан Мартин и за прв именува една жена на таква служба, монахињата Ксаверијанка, сестра Натали Бекарт.
Отец Де Сан Мартин во моментов е Генерален асистент монашката заедница на Свети Августин, а сестра Натали Бекварт е директор на Националната служба за евангелизација на млади и звања на Француската бискупска конференција. Сестра Натали е родена во 1969 година во Фонтенбло, Франција, студирала филозофија, теологија, социологија и специјализирала еклесиологија. Во монашката заедница Ксаверијанки влегува во 1995 година, а вечните завети ги дава во 2005 година.
к.мк