Папата: Христијаните се мисионери на надежта

Папата: Христијаните се мисионери на надежта

Кој го има Христос на својата страна, тој од ништо не се плаши – рече Светиот Отец за време на Генералната аудиенција на 4 октомври 2017 година, повикувајќи ги верниците да бидат мисионери на надежта.

Во својата катехеза, продолжи со размислувањето за христијанската надеж, а се фокусираше на темата за „Мисионерите се надеж денес.“

Сите сме повикани овде и сега да бидеме мисионери на надежта – истакна папата Фрањо. Евангелието не завршува со Исусовото погребение, туку со неговото воскресение. Сржта на христијанското верување е воскресението, а кога Евангелието навистина би завршило со Исусовото погребение, неговата биографија би била како биографијата на голем број личности херои кои го дале својот живот за идеалите. Папата предупреди дека кога тоа би било случај, тогаш Евангелието не би била порака на надежта.

На Велики Петок, срцето на учениците кажи речи е затворено со каменот кој е поставен на вратата од Исусовиот гроб: исчезнало нивното воодушевување од тригодишното заедништво со Исус – рече Светиот Отец. Тие биле исполнети со разочарување и страв. Но, тогаш Исус станува од мртвите. Неговото воскресение ги пресвртува срцата и умовите на учениците. Тој не воскреснал само за себе, туку се искачува кај Отецот, бидејќи сака секој човек да има учество во неговото воскресение, а на Педесетница учениците стануваат преобразени со здивот на Светиот Дух.

Од таа причина, ние не ја навестуваме Радосната вест, воскресението само со своите зборови, туку со целото свое делување, со својата надеж, со својата љубов. Целокупната наша љубов – рече папата Фрањо – мора да биде сведоштво за Христос. Нашето послание е „да љубиме повеќе“. Тоа „повеќе“ престојува во христијанската егзистенција, а тоа не може да се објасни само со душевна сила или со поголем оптимизам. Ние христијаните така сме луѓе со „честичка од небото на нашите глави“, а нè следи присуството кое некои други не можат ниту да го замислат.

Многу маченици во Црквата покажале дека Воскреснатиот токму во страдањето и прогонствата ни дава надеж и доверба. Светиот Отец затоа ја искористи приликата за да ги потсети нашите браќа и сестри на Блискиот Исток кој го нудат сведоштвото на надежта и исто така го положуваат својот живот за тоа сведоштво. Тие се вистински христијани! – истакна Папата. Тие го носат небото во своето срце, гледајќи напред, секогаш напред.

Папата Фрањо нагласи дека тие се луѓе кои имаат „зошто“ во својот живот да се издржливи и упорни од другите, во времињата на неволји. Кој го има Христос на своја страна, тој повеќе од ништо не се плаши. Вистинските христијани така никогаш не се лесни луѓе, кои лесно се приклонуваат. Нивната кроткост не смее да се замени со чувството на несигурност и попустливост: „Зашто Бог не ни го даде духот на стравот, туку духот на силата, љубовта и трезвеноста.“ (2Тим 1, 7) Од таа причина христијанинот е мисионер на надежта. Имено, Христос е нашиот живот, пченичното зрно кое паднало во земјата и умрело и сега донесува изобилство плод – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот