Папата изрази сочувство за покојниот кардинал Маркизанo

Беше грижлив епископ за потребите на верниците и осетлив кон светот на уметноста и културата – со тие зборови папата Фрањо се спомна на кардинал Франческо Маркизанo, архисвештеник во мирување на базиликата Свети Петар, кој почина на 27 јули во Рим на 86 годишна возраст.

Во телеграмата со сочувство упатена до торинскиот архиепископ Чезаре Носили – бидејќи благопокојниот кардинал е роден недалеку од Торино – Папата со голема наклонетост се спомнува на тоа – како што пишува Светиот Отец – саканиот пастир, кој долго совесно соработуваше со Апостолскиот Престол, како архисвештеник на ватиканската базилика, а на крајот беше и претседател на Канцеларијата за работа при Апостолскиот Престол.

Погребот на кардиналот Маркизанo ќе биде во среда во базиликата Свети Петар, а ќе го предводи деканот на Кардиналскиот колегиум, кардинал Анџело Содано, додека папата Фрањо ќе го предводи обредот комендација и валедикција.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот