Папата Фрањо во говорот после молитвата Ангел Господов во неделата, 3 јануари, се спомна на болните, невработените, угнетените и експлоатираните.
„Посебно ги поздравувам оние кои новата година ја започнаа со најголеми потешкотии: болните, невработените, оние кои живеат во ситуации на угнетување или експлоатација. И од срце, ги поздравувам сите семејства, особено оние со мали деца или кои чекаат принова. Раѓањето е секогаш ветување за надеж. Близок сум до овие семејства: нека ве благослови Господ!“ – рече Папата во своето обраќање по молитвата Ангел Господов.
Ватикан њуз/к.мк