За време на аудиенцијата на која Папата го прими јапонскиот премиер Фуми Кишиду, се разговараше за нуклеарно оружје и беше повторно истакнато дека неговата употреба и поседување ее несфатливо.
Пред генералната аудиенција во среда 4 мај 2022 година, Папата се сретна со јапонскиот премиер Фуми Кишида. За време на разговорот, кој траеше околу 25 минути, тие зборуваа за нуклеарното оружје и за тоа колку е несфатливо неговото користење и поседување – изјави за новинарите директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни.
Јапонскиот премиер за ова разговарал и со државниот секретар на Папата, кардиналот Пиетро Паролин, и со надбискупот Пол Ричард Галагер, државен секретар за односи со државите, со посебно внимание на војната во Украина. Во исто време, е итно потребниот дијалог и мир, а за таа цел беше изразена желбата за свет без нуклеарно оружје. Се зборуваше и за 80 годишнината од билатералните дипломатски односи, како и за придонесот на Католичката црква во многу сектори на јапонското општество.
Ватикан њуз/к.мк