Во петок, 28 април 2023 година, папата Фрањо го започна своето Aпостолско патување во Унгарија, кое се одвива под мотото „Христос е нашата иднина“.
Авионот Ербас А320 на Ита Ервејс, кој Папата го користи за патувањето во Унгарија, полета од римскиот аеродром Фиумичино во 8.21 часот за Будимпешта. Летот треба да трае помалку од два часа. Папата во главниот град на Унгарија ќе престојува до 30 април.
Пред да го напушти домот Света Марта, Папата придружуван од префектот на Дикастеријата за милосрдие, кардинал Конрад Крајевски, се сретна со петнаесет бездомници кои живеат во близина на базиликата Свети Петар.
Папата се враќа во Унгарија две години по Меѓународниот евхаристиски конгрес одржан во Будимпешта во септември 2021 година и по Иван Павле II кој ја посети Унгарија во 1991 и 1996 година i е вториот Pапа што го посетuva унгарскиот народ.
На летот со папата на неговото 41. Aпостолско патување надвор од Италија има околу 75 луѓе, меѓу кои новинари, фотографи, продуценти, snimateli и техничари од различни националности и екипаж од 3 пилоти и 6 стјуардеси.