Не сте заборавени – истакна папата Фрањо во видео пораката упатена до сите кои работата на море, како би обезбедиле на луѓето храна, а кои спаѓаат во категоријата луѓе кои поради пандемијата на коронавирусот долго мора да живеат на брод, не слегувајќи на копно. Станува збор за порака на утеха и охрабрување, внимание и близина.
Кратка, но многу силна порака упати папата до морнарите, рибарите и нивните семејства, свесни за нивните жртвувања и страдања предизвикани од пандемијата. Нивната работа стана уште поважна при обезбедување на храна и други најосновни потреби. Благодарни сме ви за тоа. Исто така затоа што сте категорија која е многу важна – рече Папта потсетувајќи дека во минатиот период нивниот живот многу е променет.
Папата Фрањо знае дека се соочуваат и дека сè уште се соочуваат со долг период на поминат на брод, без можност да бидат на копно, и дека се оддалечени од семејствата, од пријателите и сопствената земја, како и стравот од зараза, тежок товар кој мора да го носат, посебно во ова време.
Треба да знаете дека не сте сами и дека не сте заборавени – напомена Папата. Поради својата работа на море често сте далеку, но сте присутни во моите молитви и моите мисли, како и во молитвите и мислите на капеланите и волонтерите на апостолатот за море ‘Stella Maris’. Самото Евангелие нè потсетува на тоа, кога ни зборува за Исус и неговите први ученици, дека сите биле рибари како вас.
Денес сакам да ви испратам порака и молитва за надеж, молитва за охрабрување и утеха за секоја неволја, а истовремено ве охрабрувам сите кои се со вас во пасторалот со луѓето кои работата на море. Нека Господ го благослови секој од вас, нека ја благослови вашата работа и вашите семејства, а Дева Марија, Ѕвезда на морето, нека ве заштитува – рече папата Фрањо на крајот и им го вети својот благослов и молитви.
Ватикан њуз/к.мк