Папата до младите Филипинци: Не ни требаат млади кои се како музеи , туку млади кои се свети
На крајот од пасторалната посета на Филипините, во недела 18 јануари, во Универзитетот Свети Тома во Манила папата Фрањо се сретна со претставниците на различни верски заедници, а потоа на игралиштето од истиот Универзитет со околу 30.000 млади. На Папата добродојде му посака претседателот на Комисијата за млади на Филипинската бискупска Комисија, бискупот Бангуед и Шерман Леополд Јаусиан, како и претставниците на младите.
Младте зборуваа за своите сведочења. Особено трогателно беше сведочењето на две деца кои проговорија за децата од улиците, односно за запоставните деца. Дванаесетгодишно девојче не можеше да ги задржи солзите поставувајќи го прашањето „Зошто Бог дозволува децата да страдат, иако тие воопшто не се виновни“. Неа и поранешниот 14-годишен бездомник Папата цврсто ги прегрна.
Еден студент по право го праша Папата, дали денес во време на социјалните медиуми, знаеме што значи љубов. Папата појасни дека „преоптеретеноста со информации“ кое го карактеризира нашето општество, заситено со комуникација, самото по себе не е ништо лошо, освен ако имаме толку многу информации, па не знаеме што да правиме со нив. Постои опасноста младите да станат „музеи“ кои имаат сѐ, но не знаат што да прават со сето тоа. Не ни требаат млади музеи, туку ни требаат млади кои се свети – истакна Папата, додавајќи дека најважна работа во животот која треба да ја научиме е да знаеме како да сакаме и да бидеме сакани. Постојат тр јазици, јазик на умот, јазик на срцето и јазик на делата. Тие три јазици треба да ги искористиме во согласност: да мислиме, да чувствуваме во срцето и да делуваме.
По светата Миса, Папата се обрати на на собраниот народ со спонтан говор на шпански јазик. На почетокот ги повика на едноминутно молчење за смртта на 27- годишната волонтерка која еден ден порано учествувала во подготовките за евхаристиското славење, при што потоа сите молеа за неа Радувај се Маријо, и Оче Наш за нејзините родители. По светата Миса, Папата во апостолската нунцијатура се сретна со таткото на починатата волонтерка Кристел Падасас.
Во говорот Папата им се обрати на присутните и нагласи дека тој гледа премалку девојки, иако жените би можеле доста многу да кажат.
Често што се случува, се одржува дејството на ниво на мажите и не даваме доволно престор на жените. Жените имаат многу да кажат на денешното општество. Тие на реалноста гледаат со други очи, рече Папата и им препорача на организаторите за следната посета на папата во Манила да им дадат повеќе простор на жените.
Осврнувајќи се на прашањето на девојката зошто децата страдат, зошто се запоставени, многу од нив се и жртви на проституцијата, зошто Бог дозволува децата да страдат, и зошто толку малку луѓе се спремни да им помогнат на децата, Папата ѝ се заблагодари на девојчето на нејзината храброст на сведочење. Кога ќе бидеме подготвени да плачеме заради тоа што го рече, тогаш ќе бидеме подготвени и да дадеме одговор, рече Папата. Во тој контекст истакна Папата, како денес во светот недостасува храброст за плачење, но предупреди дека реалноста на животот ги гледа само очите со исплакани солзи.
Да се научиме да плачеме и да не го заборавиме ова денешно сведочење, рече Папата.
Коментирајќи ги и другите сведочења, Папата истакна дека треба да се препуштиме на евангелизирањето на сиромашните и да научиме да сакаме и да научиме да бидеме сакани.