Во обраќањето на молитвеното бдение до ходочасниците од цела Италија, Папата Фрањо ги повика младите луѓе да бидат смели во нивното патување на верата и да им помогнат на оние кои се заглавени во темнината.
Папата Фрањо поздрави повеќе од 70.000 млади Италијанци ходочасници во Рим, кои се собраа на молитвено бдение во „Circus Maximus“, на 11 август 2018 година.
Папата ги охрабри „да трчат кон Исус“ и кон нивните браќа и сестри „со срце полно со љубов, вера и радост.“
Папата им рече на младите дека бавното темпо не го прави животното патување на верата, само „брзите чекори и смелите скокови.“
Храброста е неопходна за да сонуваат и да го прават присутно Царството Божјо како Исус, им рече Папата на младите ходочасници.
Христијаните не се повикани да бегаат од стрaдањето, поразот и смртта. „Бог – вели Папата – ни ја дава најголемата моќ над сите неправди и човечките слабости: Исус ја освои смртта со давањето на својот живот за нас.“
Таа моќ – рече папата Фрањо – нѐ тера да ги бараме нашите браќа и сестри, без оглед на темнината во која тие се наоѓаат.
„Во моментот кога смртта се појавува за да триумфира,“ – рече Папата – „во реалноста тој моментот се открива како пораз на смртта.“
Папата рече дека моќта на Исусовото воскресение е толку заразно што историјата не може да се спротивстави на тој напредок.
„Секое место каде животот е угнетуван; каде насилството, војната и мизеријата царуваат; и каде луѓето се понижувани и преплашени: има надеж дека животот сѐ уште може да се разгори.
Ватикан њуз/к.мк