Папата до „Мерцедес-Бенц“: Технолошките иновации треба да му служат на човечкото достоинство

Папата до „Мерцедес-Бенц“: Технолошките иновации треба да му служат на човечкото достоинство

Пред Генералната аудиенција во среда, 28 октомври 2026 година, папата Лав XIV се сретна со раководителите на „Мерцедес-Бенц“ по повод специјалната изложба посветена на стогодишнината од папамобилот.

Папата Лав XIV им се заблагодари на раководителите на „Мерцедес-Бенц“, како и на „многуте генерации дизајнери, инженери и работници“ на германскиот производител на автомобили, за долгогодишната соработка со Светиот Престол.

Посетата во Ватикан се одржа во рамките на специјалната изложба „Еден век на папамобилот“, посветена на стогодишнината од испораката на првиот автомобил „Мерцедес-Бенц“ на папата Пиј XI во 1930 година.

„Изложбата нуди можност да размислиме за извонредниот напредок на автомобилската технологија, како и за подлабокото значење на патувањата што ги преземале наследниците на свети Петар“, рече папата Лав во средата.

Тој истакна дека папамобилот „еволуирал од превозно средство во средство за средба“, овозможувајќи им на папите за време на својата служба да бидат поблиску до верниците.

„На тој начин“, им рече папата Лав на раководителите на „Мерцедес-Бенц“, „вашата работа придонесе за мисијата на Црквата да им се приближува на луѓето и да ја пренесува пораката на верата, надежта и милосрдието во светот“.

Папата ја истакна и „пасторалната грижа“ изразена преку подарокот на првиот целосно електричен папамобил, кој „Мерцедес-Бенц“ му го подари на папата Фрањо пред Јубилејот на надежта во 2025 година.

Потсетувајќи на повикот на својот претходник до автомобилската индустрија да ја направи „мобилноста навистина одржлива и достапна“, папата Лав ги охрабри присутните „да продолжат да ги ставаат технолошките иновации во служба на човечкото достоинство, грижата за созданието и општото добро“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот