Папата до епископите од Мексико: Живејте ја верата доследно и без комплекси
Живејте ја верата доследно и без комплекси, за да ја подобрите состојбата во општеството обележано со многу видови на насилство – поттикна папата Фрањо во говорот кој го предаде на епископите од Мексико, кои на 19 мај ги прими во аудиенција по повод нивната посета ‘ad Limina’.
Мексико е длабоко христијански, а ако тоа се занемари не може сериозно да се сфати ниедна држава во Латинска Америка – истакна Папата и спомна дека и покрај тоа, локалната Црква има вложено многу напори за да влијае на општественото ткиво во кое се развиле и зацврстиле сериозни општествени проблеми. Го знам вашето заземање – напиша Папата – за помош на оние кои се во потреба, за невработените, за оние кои работат во нечовечки услови кои немаат пристап до општествените услуги, за емигрантите, кои бараат подобри услови за живот, земјоделците… како и вашата грижа за жртвите на трговија со дрога и за најслабите групи во општеството и заземање за човековите права и целосниот развој на човекот.
Затоа, предавајќи го говорот на епископите, без однапред подготвен текст им препорача да се доверат на Богородица. Кога нема да успеете да ги решите работите со Синот одете кај Мајката која ќе ги реши работите… Мислам дека Марија нема да ве остави сами пред бројните и тешките проблеми.
Папата Фрањо посети и на внатрешната реалност на Црквата во Мексико. Во говорот кој го предаде на епископите се осврна и на лаиците, на фактот дека посланието на Црквата не може да не го земе се предвид и нивниот придонес; затоа им е потребна – како што напиша – формација со чија помош ќе стане видлива јавната димензија на Црквата. Освен услогата на лаиците, Папата ја истакна улогата на семејствата кои се основен фактор во пренесувањето на верата за пред дехуманизираната култура на смртта тие ја поддржат културата на почитување на животот во сите негови периоди, од зачнувањето до природната смрт.
Последните мисли Папата ги посвети на вреднување на силата на народната побожност и важноста на парохијата и говорот го заврши со совет до епископите секогаш да одржуваат двојна духовност. Првата духовност е во молитвата со Господ, затоа што молитвата е – според зборовите на Папата – преговарање на епископите со Бог поради сопствениот народ. А другата духовност е близината со сопствениот народ – истакна на крајот папата Фрањо.
РВ/Д.И.