Папата до аргентинските свештеници: Во Црквата и Римската курија постојат многу светци
Папата Фрањо се сретна со заедницата на Аргентинскиот свештенички колегиj во Рим. На аудиенцијата, која помина во семејно озрачје, се осврна ректорот на Колегијот, о. Ангел Хернандез, истакнувајќи како станува збор за радосен настан. Папата, средбата ја започна на неформален начин, разговарајќи и одговарајќи на прашањата на присутните и слушајќи ги нивните грижи.
Тоа беше вистинска средба со дел од своето стадо, истакна о. Хернандез. Едно од прашањата поставени за Папата беше она што би требало да pravi свештеник кој доаѓа од Аргентина во Рим и каков би требало да се врати во татковината? Исто така, кои би требало да бидат наканите на еден свештеник кој се подготвуваа на студии? Папата одговори, истакнувајќи ги зборовите на свети Петар од Делата апостолски, кога настана проблемот со послужувањето.
Петар во таа прилика ги повика ѓаконите да послужуваат, за апостолите да можат да се посветат на молитва и навестување на Словото. На тоа еден свештеник би требало да се посвети кога ќе се врати во татковината: да води грижа за молитвата и навестувањето на Словото таму каде што се наоѓа и во склоп со посланието кое ќе го има, одговори папата Фрањо, напоменувајќи дека и самиот ја чувствува подршката од многумина преку молитва. На крајот нагласи дека во Црквата и во Римската курија постојат многу свети лица.
РВ/В.Н.