Папата говореше за мачништвото на свети Стефан
Литургијата повторно ни ја осветлува вистинската смисла на Овоплотувањето, поврзувајќи го Витлеем со Голгота, потсетувајќи нѐ дека Божјото спасение вклучува борба против гревот, и поминува низ тесна врата на Крстот – е една од главните мисли во говор на папата Фрањо во четврток 26 декември пред молитвата на Ангел Господов, на плоштадот Свети Петар.
Литургијата го продлабочува празникот Божиќ на осум дена: тоа е време на радост за целиот Божји народ. Во овој втор ден од осмината, во среде божиќната радост, се паѓа празникот на свети Стефан, прв маченик за Црквата. Извештајот на Делата на светите Апостоли го преставуваат како маж полн со вера и Дух Свети (Дела 6,5), избран со останатите шестмина за служба на вдовиците и сиромасите на првата Ерусалимска заедница – рече Папата. Извештајот ни го опишува неговото мачеништво: како по еден огнен говор, кој ги разбесниж членовите на Синедрионот, бил изведен надвор од ѕидините на градот и таму каменуван. Стефан завршил како Исус, барајќи простување за своите убијци. (Дела 7,55-60)
Во радосна атмосфера на Божиќ, можеби да изгледа дека на овој спомен не му е место сега. Божиќ е славење на животот и во нас пробудува чувство на среќа и мир; и зошто да го нарушиме потсетувајќи се на едно такво насилство? Навистина, во очите на верата, празникот на свети Стефан во потполност е во согласност со длабокото значање на Божиќ. Во мачеништвото односно насилството се надминува со љубов, а смртта со живот – истакна папата Фрањо. Во жртвувањето на маченикот Црквата го гледа неговото раѓање во небото. Денес, го славиме роденденот на свети Стефан; неговото раѓање за небо, кое во коренот произлегува од раѓањето на Христос. Исус ја преобразува смртта на оние кои го љубат, во зората на новиот живот – рече Папата.
Во мачеништвото на Стефан повторно доаѓа до онаа борба на доброто и злото; омразата и простувањето; кроткоста и насилството; кои својот врв го има во Христовиот крст. Празникот на првиот маченик доаѓа веднаш за да ја отстрани лажната и слатка слика за Божиќ, која во Евангелието не постои – нагласи Светиот Отец. Литургијата повторно ни ја осветлува вистинската смисла на Овоплотувањето, поврзувајќи го Витлеем со Голгота, потсетувајќи нѐ дека Божјото спасение подразбира борба против гревот, и поминува низ тесната врата на Крстот. Тој пат Исус јасно им го покажа на своите апостоли, како што стои во денешното Евангелие: „и ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но, кој претрпи до крај, ќе биде спасен.“ (Матеј 10,22) – рече Папата.
Затоа денес посебно се молиме за христијаните кои трпат дискриминација поради тоа што сведочат за Христос и Евангелието. Да бидеме близу до тие браќа и сестри, кои како и свети Стефан, се неправедно осудени и се подложени на различни видови насилство. Сигурен сум дека денес се побројни отколку во првите времиња – рече Светиот Отец – Ова се случува посебно во оние краеви каде што уште не е загарантирана или потполно остварена слободата на вера.
Но се случува тоа и во земји и средини, кои на хартија, се борат за слобода и човечки права, но каде верниците – посебно христијаните – наидуваат на ограничувања и дискриминација. Би сакал на момент, да се помолиме за оние наши браќа и сестри, во тишина, сите тие да ги довериме на Богородица – повика Светиот Отец, а после краткиот прекин, започнал и ја предводеше молитвата Радувај се Маријо. Ова не ги чуди христијаните затоа што Исус тоа го навести како повод за давање на сведоштво. Меѓутоа на граѓански план неправдата се поттиснува и елиминира.
Нека Марија, Царица на мачениците, ни помогне да го живееме Божиќ со жарот на верата и љубовта, кои се гореле во свети Стефан и во сите маченици на Црквата.
После молитвата Ангел Господв, Папата ги поздрави семејствата, парохиските групи, здруженија и поеднични верници од Рим, Италија и од сите краеви на светот. Застанувањето овие денови пред пештерата, за да се восхитуваме на Марија и Јосиф со Детето, во сите може да поттикне великодушно заземање околу взаемната љубов, како внатре во семејството и во различните заедници да се живее во атмосфера на разбирање и братство (и сестринство) кое е многу на корист на општото добро. Светиот Отец на присутните им ги честита божиќните празници.