Папата Фрањо на 17 декември 2017 година наполни 81 години. Тоа е неговиот петти роденден кој го слави како Папа. Оние кои го прегрнаа токму на тој посебен ден, беа децата за кој се грижи детскиот диспанзер „Света Марта“, а кои Светиот Отец ги прими во приватна аудиенција во салата Павле VI во Ватикан. После тоа ја молеше молитвата Ангел Господов и го одржа пладневниот говор, на кој, покрај ходочасниците од целиот свет, беа присутни и деца кои се собраа на плоштадот Свети Петар заради традиционалниот благослов на статуата Детето Исус, кој ќе го полжи во јаслите. Инаку, срдечни честитки пристигнуваат од целиот свет.
Потсетуваме дека минатиот 80 роденден папата Фрањо го прослави доручкувајќи заедно со бездомниците, кои ги повика во домот Света Марта. После тоа со кардиналите славеше света Миса, на која напомена дека „малку хумор помага да се оди напред“. Пред две години, 17 декември 2015 година, го прослави заедно со децата од Католичка акција, поттикнувајќи ги да одат по патот на доброто, простувањето, мирот и слоидарноста. Една година претходно во 2014, за време на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар, како дар за неговиот 78 роденден, повеќе стотина танчери играа танго на плоштадот. Во 2013 година папата Фрањо го прослави својот роденден со света Миса во домот Света Марта, повикувајќи неколку бездомници, кои потоа заедно со папата Фрањо доручкуваа.