Папата го прими претседателот на Република Србија

За време на средбата се зборуваше за напредувањето на Србија кон полна интеграција во ЕУ, како и за ситуацијата со сириските и ирачките бегалци.

Во петок, 11 септември 2015 година во Апостолската палата во Ватикан, Светиот Отец на аудиенција го прими претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ, кој потоа се сретна со државниот секретар кардинал Пиетро Паролин, во чија придружба беше и надбискупот Паоло Ричард Галагер, секретар за односи со државите, извести прес-службата на Светиот Престол.

Во срдечниот разговор, истакнати се добрите односи помеѓу Светиот Престол и Република Србија, а исто така се разгледани прашања од заеднички интерес поврзани со односите помеѓу црковната и граѓанската заедница, со посебен осврт на екуменскиот дијалог и придонесот на Католичката Црква за општото добро на српското општество.

Во продолжение на разговорот, стана збор  за напредувањето на Србија кон целосна интеграција во Европската Унија, како и за некои ситуации од регионален и меѓународен карактер, вклучувајќи ја  и состојбата со сириските и ирачките бегалци и важноста да се даде предност на пронаоѓање заеднички решенија на сегашната криза.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот