Папата го прими новото раководство на Португалската бискупска конференција

Папата го прими новото раководство на Португалската бискупска конференција

На 8 јануари, папата Фрањо го прими новото раководство на Португалската бискупска конференција, предводена од претседателот, бискупот во Сетубал, Хозе Орнелас Карваљо (67), поранешен генерал на Исусовците, кој ова лето беше избран за претседател на португалските бискупи, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Во делегацијата беа и потпретседателот на Португалската бискупска конференција бискупот Вирџилио до Насименто Антунес (Коимбра) и генералниот секретар Мануел Барбоса, кој рече дека целта на нивната посета е за да го замолат Папата за благослов. Тие разговараа и за последиците од пандемијата на коронавирусот, како и за Светскиот ден на младите во Лисабон, кој треба да се одржи во 2023 година.

Португалија е традиционално католичка земја, црковните структури датираат од 4 век. Католичката црква во Португалија има 21 бискупија, од кои три се надбискупии, има околу 9 милиони верници, односно мнозинството население. Познатото поклоничко светилиште во Фатима секоја година го посетуваат милиони верници.

Папата, како и вообично на почетокот на новата година, во претпладневните часови ги прими градоначалникот на Рим, Вирџинио Раџи и претседателот на регионот Лацио, Никола Зингарети.

Ватикан њуз/к.мк

а

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот