Папата го прими кралот на Кралството Бахраин

Светиот Отец на 19 мај 2014 година го прими кралот на Кралството Бахреин, кралот Хамад бин Ал Калифа, кој подоцна се сретна и со државниот секретар кардинал Пиетро Паролин и надбискупот Доминик Мамберти, секретар за односи со државите.

Во текот на разговорот – како што е истакнато во соопштението од Канцеларијата за печат на Светата Столица – се разгледани некои теми кои ги интересираат двете страни, со посебен осврт на заземањето за мир и стабилност на Блискиот Исток. Освен тоа, се разговараше за промовирање на дијалог и мирен соживот во сите делови на општеството. На крајот е истакнат позитивниот придонес кој го дава христијанското малцинство на таа земја и е изразено задоволство поради личното заземањена неговото величество за потребите на локалната католичка заедница – стои на крајот во соопштението.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот