Папата го прими германскиот претседател Штајнмаер

Папата го прими германскиот претседател Штајнмаер

Економската и верската состојба во Европа и во светот, со посебен осврт на „појавата миграција“ и на промовирање на културата на прифаќање и солидарност – се некои од темите за кои на 9 октомври 2017 година разговараа папата Фрањо и претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер, кој потоа се сретна и со Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин и со секретарот за односи со државите, надбискупот Пол Ричард Галагер.

За време на разговорот е изразено задоволството од добрата и успешна соработка помеѓу Светиот Престол и Германија, како и помеѓу Црквата и државните институции. ОСвен тоа истакнат е и позитивниот меѓурелигиски и екуменски дијалог, посебно меѓу католиците и протестантите.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот