Светиот Отец папата Фрањо на 26 ноември во Апостолската палата го прими францускиот претседател Емануел Макрон.
Францускиот претседател потоа се сретна со државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин и со секретарот за односи со државите монс. Пaул Ричард Галагер.
Во срдечен разговор во Државниот секретаријат нагласени се добрите постоечки билатерални односи, чија стота годишнина неодамна е одбележана.
Во продолжение на разговорот се расправаше за неколку меѓународни прашања, вклучувајќи ја заштитата на животната средина во светло на неодамна одржаната конференција за климатски промени COP26 во Глазгов. Разменети се и мислења за претстојното претседавање на Франција со Европската унија и за ангажманот на земјата во Либанон, на Блискиот Исток и во Африка.
Ватикан њуз/к.мк