Папата го прими американскиот претседател Обама

Светиот Отец во четврток 27 март предпладне го прими во аудиенција претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама. Тоа беше прва средба помеѓу папата Фрањо и претседателот Обама. Почесниот папа Бенедикт XVI во јули 2009 година во Ватикан се сретна со американскиот претседател Обама.

Добредојдовте! Папата Фрањо со вообичаената едноставност го поздрави претседателот Обама, кој возврати: Благодарам! Прекрасно е да Ве сретнам Вас. После тоа следуваше приватен разговор помеѓу Папата и Обама, во присуство на двајца преведувачи. Разговорот траеше околу педесет минути, а потоа следуваше свеченоста на размена дарови и запознавање на Папата со членовите на американската делегација.

Американскиот претседател пристигна во Ватикан во 10.15 часот, проследен со долга поворка на автомобили. Преседателот во дворот Свети Дамаз го пречека архиепископот Генсвајн, префект на Папскиот дом. Со Обама беше и шефот на американската дипломатија Џон Кери кој веќе во јануари се сретна со Папскиот државен секретар Пјетро Паролин. По разговорот со Светиот Отец Обама разговараше со Папскиот државен секретар.

Во педесет минутниот разговор помеѓу папата Фрањо и претседателот Обама, соговорниците – како што е соопштено од Канцеларијата за печат на Светата Столица – размениле мислења за состојбата во светот, посакувајќи на подрачја на конфликти да се почитува хуманитарното и меѓународното право и конфликтните страни недоразбирањата да ги решаваат со дијалог.

Во контекст на билатералните односи и „соработката помеѓу Црквата и Соединетите Американски Држави“стана збор за прашања од посебна важност за Црквата, како што е уживањето на правото на верска слобода, правото на совест, како и за миграционата политика. На крајот на разговорот, истакнато е заедничко заземање за искоренување на трговијата со човечки битија во светот – стои на крајот на соопштението од Канцеларијата за печат.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот