Папата го препозна својот сонародник и го повика во папамобилот

Папата Фрањо го здгледал меѓу 50 000 ходочасници на плоштадот Свети Петар или можеби му го препознал гласот меѓу илјадниците кои викаа “Santo Padre!”, “Holy Father!”.

Во текот на обиколката меѓу ходочасниците собрани на првата Генерална аудиенција во новата година на плоштадот Свети Петар, папата Фрањо го извлече од гужвата својот сонародник од Аргентина и го повика во својот папамобилот.

Отец Фабијан Баез е парох во некогашната архиепископија на Папата во Буенос Ариес. Кажува дека на Папата му довикнал “Santo Padre” за да му привлече внимание.

Папата го здогледал свештеникот и побарал да се запре возилото и го повикал да влезе. Двајцата сонародници прво се прегрнаа, а Папата го прашал дали е тој. Кога отец Баез одговорил да, го повикал да седне со него во папамобилот. Папата на тоа кажа: „Ова слика ќе оди низ цел свет.“

Во Ватиканската канцеларија за печат новинарите го откриле името на свештеникот и дека Папата за него рекол дека е брилијантен исповедник.

По единственото возење, отец Баез доби и посебно место на аудиенцијата и можност на крајот уште еднаш кратко да поразговара со Светиот Отец.

„Сега ќе го променам својот профил во – сиромашен свештеник кој денес се возеше во папамобилот со папата Фрањо, напиша отец Баез на твитер.

Лаудато/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот