Папата го предводеше Крстниот пат кај Колосеумот
На Велики петок, 18 април папата Фрањо го предводеше традиционалниот Крстен пат кај Колосеумот. Размислувањата оваа година ги подготви монсињор Џанкарло Брегантини, надбискуп на Кампобасо, а во нив се размислува за драмата на денешниот свет, последиците од економската криза и проблемите на италијанскиот југ. Но, низ размислувањата за 14 постојки за Христовата Мака поминува главната мисла за Воскресението.
Целиот Крстен пат беше испреплетен со болки и надеж, солзи и оние кои ги бришат, искуство на драма и искуство на храброст – рече надбискупот во разговор за Радио Ватикан. Целиот Крстен пат е исполнет со Воскресението. Сите примери ја претставуваат денешната драма. А каде е тука тогаш надежта? – праша монсињор Брегантини и рече – Во фактот што Исус го зема на срце тој товар, не ослободувајќи се од него, ниту го остава без одговор, туку земајќи го крстот, ја презема на себе кризата и ни го покажува патот, а тоа е пат на соочување со проблемите, а не живеење притиснати од нив.
Осврнувајќи се на пораката која сака да ја упати на христијанскиот свет, надбискупот Брегантини истакна дека сака да каже дека трпењето не е никогаш залудно, дека Христос е лицето кое просветлува, а човекот е лицето кое го овоплотува. Насловот на медитацијата е „Лицето на Христос, лицето на човек“. Затоа е многу убаво да можеме да кажеме: „Трпам заедно со мојот Господ. Трпењето е негов бакнеж, сојузот кој го создавам со Него ме поттикнува да станам сојузник.“
А другата порака е силно истакната во Апостолското Писмо на папата Фрањо ‘Evangelii Gaudium’ (Радоста на Евангелието): Трпењето на другиот го откупува моето трпење. Не пронаоѓам смисла гледајќи се себе си или негувајќи ги своите рани, туку пронаоѓам надеж гледајќи го трпењето на другиот“ – рече надбискупот. Дванесеттата постојка на која се размислуваше за седумте Исусови зборови на крстот, поуката е како да го откупам сопственото трпење низ трпењето на другите; збор по збор, чекор по чекор, Христос доаѓа во прекрасното искуство на давање смисла на трпењето – напомена надбискупот Брегантини.
На крајот на побожноста Крстен пат папата Фрањо не се обрати, туку беше молитвено собран, а потоа на верниците им подели благослов.
На Крстниот пат присуствуваа голем број на верници, поради што беа поставени големи видео екрани.
Работник и претприемач, двајца бездомници, и деца, стари луѓе, болни и затвореници; крстот вечерва во Колосеумот го носеа луѓе од сите возрасти и потекло, со посебно внимание на состојбата во која луѓето трпат, а за која надбискупот Брегантини размислува во медитациите подготвени за Крстниот пат. Како што е обичај, обредот папата Фрањо го следеше на платото на Палатино.
Поради големината на размислувањата Крстниот пат ова година траеше околу еден час и 45 минути односно половина час повеќе од минатата година и заврши околу 23 часот. Луѓето кој го носеа крстот не одеа позади него во процесија од самиот почеток, туку го чекаа на својата постојка, а тој настан преку директен пренос го следеа најмалку 50 земји.
РВ/Д.И.
1649