Папата го посети домот за сиромашни и болни во Уганда
Папата Фрањо на 28 ноември во Уганда го посети „Домот на милосрдието“ во кој што чесните сестри од монашката заедница Добриот Самарјанин се грижат за болни, сиромашни и луѓе со посебни потреби.
Пред средбата со вработените и корисниците, Светиот Отец го посети гробот на првиот кардинал од Уганда Емануел Нсубуг кој го основал Домот на милосрдието во 1978 година и истакна јавна осуда за кршењето на човековите права за време на владеењето на поранешниот диктатор Идија Амина.
Во краткиот говор Папата ги повика сите парохии и заедници во Африка да не заборават на сиромашните, туку „да одат на перифериите на општеството“, да го видат Христос во страдалниците и луѓето во потреба. Колку е тажно кога нашите општества дозволуваат старите да се отфрлаат или занемаруваат или кога младите се експлоатираат во современото ропство и трговијата со луѓе – рече Светиот Отец.
Како христијани не можеме само да стоиме и да гледаме. Нешто мора да се промени! Нашите семејства треба да станат појасни знаци на Божјата трпелива и милосрдна љубов за сите во потреба. Нашите парохии не смеат да ја затворат својата врата на крикот на сиромашните. Тој е возвишен пат на Христовите ученици. На тој начин – рече Папата – Го сведочиме Господ Кој не дојде за да му се служи, туку за да служи.
РВ/к.мк/Д.И.