Папата Фрањо во среда 32 мај 2017 година изрази длабока болка за извршениот терористички напад во Кабул во кој загинаа 90 лица, а се повредени околу 400 лица. Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката група “Исламска држава”.
Во телеграмата со сочувство упатена до дипломатското претставништво на Италија во Авганистан, потпишана од државниот ватикански секретар кардиналот Пиетро Паролин, Папата ја изразува својата „болка од страшниот напад”, опишувајќи го како „брутален чин на насилство”. Светиот Отец ги доверува душите на покојните на Божјото милосрдие и ја ветува својата молитва за „да настапи мир за авганистанскиот народ”.
Самоубиствениот бомбашки напад беше извршен утрово со автомобил бомба во населбата Уазир Акбар Кан, во близина на различни дипломатски претставништва и административни згради и недалеку од претседателската палата и седиштето на НАТО «Resolute Support».
РВ/к.мк