Како што е обичај од почетокот на неговиот понтификат, папата Фрањо пред да замине на 43. Апостолско патување во странство појде на молитва пред иконата на Богородица Salus Populi Romani во римската базилика Света Марија Велика. Тој попладнево го започнува патувањето за Улан Батор.
На 31 август 2023 година, започнува Апостолското патување на папата Фрањо во Монголија. Како што е обичај пред и по патувањето, Светиот Отец вчера попладне отиде во Римската базилика Света Марија Велика и го довери патувањето на застапништво на Пресвета Богородица.
Веста ја соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол во соопштение во кое се наведува дека „во среда, на 30 август, папата Фрањо го напушти домот на Света Марта и отиде во базиликата Света Марија Велика, каде што, како и обично, застана на молитва пред иконата на Пресвета Богородица Salus Populi Romani (Спасение на римскиот народ), доверувајќи ѝ го следното апостолско патување во Монголија. После тоа се врати во Ватикан“.
Ова е 111 пат како папата Фрањо ја посетува оваа базилика по повод некое Апостолско патување. Папата ќе остане во Монголија приближно четири дена, со оглед на шестчасовната временска разлика во споредба со Италија. Враќањето во Ватикан е закажано за 4 септември во попладневните часови.
Ватикан њуз/к.мк