Папата ги прими членовите на Библиски сојуз

Треба да се настојува луѓето подобро да го запознаат Божјото Слово, посебно едноставниот народ – рече папата Фрањо на средбата со членовите на Библискиот сојуз кои на 29 септември ги прими на аудиенција по повод објавувањето на меѓуконфесионалниот превод на Библијата, плод на соработката со издавачката куќа Elledici и Меѓународниот библиски сојуз.

Папата ја истакна важноста на „меѓуконфесионалната“ Библија. Станува збор – како што рече – за значајна хартија бидејќи расправата околу Библијата како што е познато влијаело на поделбите посебно на западот – потсети Папата додавајќи:

Овој меѓуконфесионален проект на кој сте работеле повеќе од десет години овозможи во текот на заедничкото одење на сопатниците да им го доверите срцето, со довербата која произлегува од заедничката љубов кон Божјото Слово да ги надминете сомнежите и недовербата – рече Светиот Отец.

Пофалувајќи ја стручноста на преводот, Светиот Отец посака меѓуконфесионалниот превод да ги поттикне сите италијански христијани на размислување, живеење, сведочење и славење на Божјата порака. Искрено посака сите христијани со упорно читање на Словото Божјо да можат да научат за „возвишената наука на Исус Христос“ (Фил 3, 8) бидејќи светиот текст е храна за душата и чист и вечен извор на духовниот живот. Мораме да направиме сите верници да ја читат Библијата, бидејќи непознавањето на Писмата е непознавање на Христос вели свети Јероним – заврши Папата.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот