Папата Фрањо ја објави порака за 31. Светски ден на болните, повикувајќи ги католиците да го следат примерот на Милосрдниот Самарјанин кој покажува сочувство и грижа за болните во свет кој ги отфрла најранливите
Додека Католичката црква патува по синодалниот пат, папата Фрањо ги повикува верниците да размислуваат за фактот дека посебно од личното искуството на ранливост и болест, можеме да научиме да одиме заедно во согласност со Божјиот стил, а тоа е близина, сочувство и нежност.
На 11 февруари Католичката црква го слави празникот на Пресвета Богородица Лурдска. Тема на овогодинешното одбележување е Погрижете се за него: Сочувството како синодална вежба за оздраввуање, земена од Евангелието по Лука за параболата за Милосрдниот Самарјанин.
Болеста што се доживува во изолација е нехумана
Во својата порака, папата Фрањо го нагласува сочувството и грижата за болните како синодална вежба за оздраввуање, на која нѐ повикува Бог, истакнувајќи дека ако болеста е дел од нашата човечка состојба, кога ја доживуваме во изолација и напуштеност, без грижа и сочувство, може да биде нехумана.
Искуствата на збунетост, болест и слабост се дел од човечкото патување. Далеку од тоа што не нѐ исклучуваат од Божјиот народ, тие нè доведуваат во центарот на Господовото внимание, зашто Тој е наш Отец и не сака да изгуби ниту едно од своите деца на тој пат.
Порака за братството на Милосрдниот Самарјанин
Состојбата на осаменост и напуштеност на човекот кој беше претепан и ограбен од разбојници во параболата за Милосрдниот Самарјанин, е истото што денес го доживуваат премногу наши браќа и сестри кои се оставени во моментите кога им е најпотребна помош, пишува Папата.
Навистина, вели: Постои длабока врска помеѓу оваа Исусова парабола и многуте начини на кои се негира братството во денешниот свет, во кој веќе не е лесно да се разликуваат нападите врз човечкиот живот и достоинството кои произлегуваат од природни причини од оние предизвикани од неправда и насилство.
Милосрдниот Самарјанин ни пренесува поинаква приказна: онаа за еден човек, презрен странец, кој е трогнат од сочувство и се грижи за тој странец на патот, постапувајќи со него како со брат. Во исто време, без размислување за тоа – вели Папата – тој прави разлика, го прави светот побратски .
Сите сме кревки и ранливи
Во свет во кој доминира распространетата култура на ефикасност која нè принудува да ја ставиме нашата ранливост под тепих, не оставајќи простор за нашата човечка слабост, Католичката црква е затоа повикана „да се огледа на евангелскиот пример на Милосрднјиот Самарјанин, со цел да стане вистинска „полска болница“, бидејќи нејзиното послание се гледа во делата на грижа, посебно во историските околности на нашето време.
Сите ние сме кревки и ранливи и ни треба тоа сочувство што може да застане, да пристапи, да заздрави и да подигне. Затоа, маката на болните е повик кој ја пресекува рамнодушноста и го успорува темпото на оние кои одат по својот пат како да немаат браќа и сестри.
Заедно напред
Додека Светскиот ден на болните повикува на молитва и близина со оние кои страдаат – стои во пораката – исто така има за цел да ја подигне свеста на Божјиот народ, здравствените институции и граѓанското општество во однос на новиот начин на заедничко движење напред.
Навистина – пишува Папата – заклучокот од параболата за Милосрдниот Самарјанин сугерира дека делувањето за братство, кое започна како средба лице в лице, може да се прошири и на организирана грижа.
Право на основна и пристојна здравствена заштита
Во оваа смисла, папата Фрањо уште еднаш го привлекува вниманието на итната потреба од стратегии и ресурси за гарантирање на основното право на секој човек на основна и пристојна здравствена заштита, истакнувајќи дека пандемијата Ковид-19 ги разоткри структурните ограничувања на постоечките системи за јавна грижа, оптеретувајќи ги големите мрежи за стручности и солидарност.
Никој да не биде изоставен
Завршувајќи ја својата порака, папата Фрањо уште еднаш повтори дека болните се во центарот на Божјиот народ и Католичката црква напредува заедно со нив како знак на човечност каде секој е скапоцен и никој не смее да биде отфрлен или напуштен. Папата ја завршува пораката со доверувајќи ги на застапништвото на Марија сите болни и оние кои се грижат за нив во нивните семејства и волонтерите.
Ватикан њуз/к.мк