Папата ги повика посветените лица на молитва, сиромаштво, трпеливост

Папата ги повика посветените лица на молитва, сиромаштво, трпеливост

Светиот Дух е „неволја“ затоа што никогаш не престанува да биде креативен – рече папата Фрањо во салата Павле VI пред околу седумстотини учесници на меѓународната конференција која во Рим ја организираше Конгрегацијата за посветен живот и дружбите на апостолскиот живот.

Светиот Дух е креативен, љубопитен, творец на различности, но истовремено и творец на единството. Он го прави единството на Телото Христово, единството на посветувањето – нагласи Папата.

Во својот говор Светиот Отец го повика Светиот Дух да биде водител да им помага на Бог посветените лица да ги најдат „вистинските критериуми“ за да не се загубат во „маглата на световноста, провокациите и воинствениот дух.“ Вистинските критериуми се молитвата, сиромаштвото и трпеливоста, трите столбови на посветениот живот.

Молитвата во посветениот живот е воздухот кој дава да го дишиме оној прв повик, и да го обновиме – рече папата Фрањо и додаде: Без тој воздух не можеме да бидеме добри на Бог посветени лица. Можеби ќе бидеме добри луѓе, христијани, католици, кои работат во многу делови на Црквата, но посветувањето мораме постојано да го обновуваме во молитвата и средбата со Господ.

Сиромаштвото, како што рекол свети Игнациј Лојолски, е „мајка и бедем на посветениот живот,“ брани од духот на световноста – рече Папата и истакна: За духот на сиромаштвото не може да се преговара, затоа што постои опасност да се премине од „верско посветување“ во „верска световност.“ Се работи за три столбови. Првиот се парите, односно недостатокот на сиромаштво. Вториот суетата која оди сѐ до вообразеност и во малите работи. Третиот столб е горделивоста од која произлегуваат сите мани. Но, првиот столб е наврзаноста на богатството: чувајќи се од тоа другите пороци не доаѓаат – истакна папата Фрањо.

Трпеливоста мислам на онаа која ја имал Исус за да го исполни своето послание, тоа е условот поради кој после Последната вечера оди во Маслиновата градина – рече Светиот Отец и нагласи: Без трпеливоста разбирливо е дека има војни во заедниците, кариеризам на генералните капитули и некои одлуки кои се донесени заради тешкотии во животот во заедницата, како што е загубата на звањето. Бидете внимателни во односот кон молитвата, сиромаштвото и трпеливоста, продолжете да ги проучувате за да биде плоден вашиот живот како на Бог посветени лица – заврши Папата.

РВ/к.мк

Категорија: Вести

За авторот