Папата Фрањо: Да размислуваме за нашата смрт

Папата Фрањо: Да размислуваме за нашата смрт

Размислувањата за нашата смрт нѐ спасува од илузијата дека сме господари на времето – истакна папата Фрањо во својата проповед во петок 1 февруари 2018 година за време на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта во Ватикан. При тоа папата Фрањо размислуваше за три стварности: смртта како факт, смртта како наследство и смртта како сеќавање.

Не сме ниту вечни, ниту минливи, туку сме мажи и жени по патот на времето, време кое има свој почеток и крај – напомена Светиот Отец земајќи  го како појдовна точка за своето размислување делот од Првата книга Царства, во која се зборува за смртта на царот Давид. Папата ги повика присутните да молат за милостта чувство за времето, како не би биле „заробени“ во сегашниот момент, да не останеме затворени во самите себе.

Смртта е факт кој се однесува за сите: понекогаш доаѓа рано, понекогаш покасно, но доаѓа – рече папата Фрањо и продолжи: Но постои искушението на сегашниот момент, кој ја презема контролата над животот и те принудува да луташ во тој себичен лавиринт на момент без иднина, секогаш сме таму-ваму, ваму- таму. Патувањето завршува со смртта, на сите тоа ни е познато. И од таа причина Црквата секогаш поттикнува да размислуваме за својот крај, за својата смрт – објасни Светиот Отец.

Често помага да се повторува реченицата: „Јас не сум господар на времето!, бидејќи тоа нѐ спасува од илузијата на моментот, да го сметаме животот како низа настани сочинети од поедини моменти, како минлив живот, кој нема смисла. Си зборуваме на самите себе: „На пат сум и гледам само напред“, но папата Фрањо напомена дека исто така потребно е да се размислува за смртта како наследство: не материјално, туку наследство на сведоштво.

Се прашуваме: Какво наследство ќе оставам зад себе ако Бог би ме повикал денес? Какво наследство би оставил како сведоштво за животот? Тоа е добро прашање, кое треба да си го поставиме. И така да се подготвиме, бидејќи никој од нас нема да остане „како реликвија“: не, сите ќе мораме да поминеме по тој пат – истакна Папата.

На крајот папата Фрањо рече дека „смртта е сеќавање“, очекувано сеќавање, за кое треба да размислиме. Кога ќе умреме, што сакав да направам со одлуката која мора да ја донесам денес, во својот сегашен начин на живеење? – праша Светиот Отец и продолжи: Тоа е очекувано сеќавање кое го просветлува „моментот“ на она денес, просветлувајќи го фактот на смртта со одлуката која секојдневно мора да ја донесувам. Спознавањето дека сме на патот кој води во смрт, на сите ќе ни направи добро – заврши Папата.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот