Папата Фрањо минатиот викенд испрати порака до виртуелниот собир на медиумски работници во Бразил, во кој ги повика да ја зајакнат надежта, солидарноста и дијалогот во земјата.
Пораката на Папата, потпишана од државниот секретар кардинал Пиетро Паролин пред околу 5.600 учесници на Mutirão de Comunicação 2021, ја прочита претседателот на бразилската бискупска конференција, бискупот Валмор Оливеира де Азеведо. Папата ги повика медиумските работници да бидат знак на надеж и солидарност во бразилското општество и да промовираат комуникација што гради мостови, бара дијалог и ја надминува апоријата.
Христијанските комуникатори мора самите да се сметаат како алатка за помирување и единство затоа што тоа е од било кога повеќе од посалние на Црквата во Бразил – порача Папата, предупредувајќи ги новинарите дека мора да ги остават поделбите и разликите во мислењата.
Папата исто така ги повика да ги разоткриваат лажните вести и ги пофали нивните напори да најдат нови начини за промовирање на „уважување на луѓетп во комуникацијата“, што беше и тема на тој новинарски собир
Ватикан њуз/к.мк