Папата ги отвори Светите врати во Банги
Не во Рим, туку ви Банги, во Централноафриканската Република, едно место од перифијата на светот, Папа Фрањо го започна Јубилејот на милосрдието. На 29 ноември 2015, ги отвори Светите врати и потоа преку нив влезе прв во катедралата во Банги, каде што служеше света Литургија. За време на Литургијата, Папата даде знак на мир на локалниот имам и на претставник на евенгелската заедница.
Банги станува духовен престол на светот. Јубилејот на милосрдието најпрво започнува во оваа земја. Сите молиме за мир, милосрдие, помирување, опростување и љубов – рече папа Фрањо, отворајќи ги Светите врати. Овој гест е посебно важен за Централноафриканската Република, држава која сé уште страда поради крвавата граѓанска војна. Но Божјата сила – истакна Папата – го лекува човекот, го подигнува и му овозможува да започне нов живот со преминување на другото крајбрежје.
Меѓутоа, не можеме да преминеме на другото крајбрежје ако Бог не е со нас, ослободувајќи нé од поделба и ривалство – напомена и додаде дека ние треба да ја градиме Божјата Црква како семејство кое е отворено за сите и кое се грижи за оние во потреба. А темелот на таа Црква е близината и духот на заедништвото. Тоа не е пред сé прашање на финансиски средства – рече Светиот Отец. Доволно е да се учествува во животот на Божјиот народ, нудејќи причини за надеж која е во нас, сведочејќи го бескрајно Божјето милосрдие.
Љубовта кон непријателите – истакна папа Фрањо – нé чува од осветување и од спиралата на одмзадата кој никогаш не завршува. Господ е љубов, а христијаните се повикани тоа да го сведочат, особено онаму каде што владее насилство, омраза, неправда или прогонство. Силата на љубовта не се повлекува пред ништо – нагласи Папата. Господ е посилен од сé, дури и кога избива силата на злото, Бог го има последниот збор. А тој збор ќе биде љубов.
Сите оние кои неправдено го користат оружјето во овој свет, ги повикувам да ги отфрлат овие средства на смртта и да се вооружат со праведност, љубов и милосрдие, вистински гаранции за мирот – рече Светиот Отец. На крајот, обраќајки се на луѓето во Централноафриканската Република кои се ангажираат за навестување на евангелието, рече дека се повикани да го откријат Господ како вистинска средина на сé што е добро. Тоа е – како што се изрази – повик да се овоплоти Божјото срце.
РВ/Б.Р: