Папата ги изненади Швајцарските гардисти

Откако Папата на 7 февруари го именуа Христоф Граф за нов командант на Швајцарската гарда на 1 мај е одржана свечена инаугурација и благослов на нивното ново знаме. Како што извести патер Федерико Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, кардинал Питеро Паролин за нив служеше света Литургија во Ватикан и го благослови новото знаме. На изненадување на присутните, по Литургијата се придружи и папата Фрањо.

По говорот на командантот, Папата кратко се обрати на собраните гардисти, честитајќи му од срце на новиот командант, опишувајќи во неколку црти она што се бара од него; треба да е човек на единство, љубов и понизност. Посака кон членовите на гардата да се однесува татковски и да моли за да Светиот Дух на сите гардисти им даде да растат во љубовта и единството. Тој потсети и на мотото на Швајцарската гарда: „Mut und Demut“ – храброст и понизност. Евангелското заповедување значи служење – напомена Папата и на крајот на сите присустни го подели својот апостолски балгослов.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот