Папата во разговор за Јубилејот на милосрдието ја истакна важноста на „револуцијата на нежноста“

Италијанското списание Credere на 02 декември 2015 го објави интервјуто со папата Фрањо во пресрет на почетокот на Јубилејот на милосрдието, во кое ги објаснува мотивите за свикување на Светата година и кои се некои од очекувањата за овој настан. Потсети дека неговото прво обраќање на молитвата „Ангел Господов“ беше посветено на темата милосрдие, исто како и првата проповед која ја имаше во ватиканската парохија „Света Ана“. Исткна дека ја следи науката на своите претходници за милосрдието, особено на свети Иван Павле II, кој ја воспостави Неделата на божественото милосрдие.

Во склад со тоа, почуствував дека Господовата желба е да го искаже своето милосрдие кон човештвото. Тоа не е нешто што ми падна на памет, туку се работи за обнова на традицијата која отсекогаш постоела – рече папа Фрањо. Воочливо е дека на денешниот свет му е потребно милосрдие и сочуство, односно способност за емпатија. Навикнати сме на лоши, груби вести и најгрозни работи кои го навредуваат Божјото име. На светот му е потребно да открие дека Бог е Отец (татко), дека постои милосрдие, дека суровоста и осудувањето не се исправен пат.

Самата Црква – продолжи папа Фрањо – понекогаш зазема цврст став и запаѓа во искушение да ги истакнува само моралните правила; многу луѓе се исклучени. Уште еднаш ја истакна сликата на Црквата како полската болница после битка, напоменувајќи: Сите сме грешници, секој од нас носи внатрешни товари. Напомена дека во светот гледаме трговија со оружје, убивање на невини луѓе на најсурови можни начини и експлоатација на деца. Светирто Отец тоа го нарече „сквернавење против човештвото“ затоа што човекот е „свет, слика на живиот Бог“. А Отецот ни говори: „Престанете и дојдете кај мене“. Папата рече дека е свесен дека е грешник. „Јас сум… човек кому му е опрсотено… Сé уште гршам и се исповедувам на секои 15 или 20 дена.“ Потребата за Божјето милосрдие особено ја почуствувал во 1953 година, кога отишол во црква и се исповедил кај непознат свештеник. Оттогаш животот му се променил и одлучил да стане свештеник. Неговиот исповедник, кој боледувал од леукемија, го придужувал година дена.

После погребот горко плачев, се чуствував потполно изгубен, како да се плашел дека Бог ме напуштил. Во тој момент се сретнав со Божјата милост и тоа е тесно поврзано со моето бискупско гесло: „miserando atque eligendo“ – рече Папата.

Јубилејот на милосрдието, исто така е можност одново да се открие Божјото „мајчинство“ – потврди, наведувајќи ја книгата на пророкот Исаија: дури кога мајката би го заборавила своето дете, Бог нас нема да не заборави. Тоа е мајчинската димензија на Бог. Тој израз не е дел од популарниот јазик и може да се смета за елитистички – нагласи Светиот Отец – поради тоа повеќе зборувам за нежноста која е во власт на мајките.

Ако сме отворени на таа „револуција на нежност“, сами ќе станеме толерантни, трпеливи и нежни, не однесувајќи се кон луѓето како кон предмети. Папата го наведе примерот на работодавецот кој ги отпушта своите вработени преку лето за да не им плаќа дополнителна плата за пензиско осигурување или целосни трошоци за здраствено осигурување. Ако може да се ставиме во туѓа кожа – рече папа Фрањо – работите се менуваат и престануваме да размисуваме за парите во нашите џебови.

На крајот Светиот Отец говореше за спонтаното прегрнување на болни или стари лица, е исто како што мајката или таткото го прегрнува своето новородено дете. Тоа значи „те сакам, ти посакувам добро“. Прашан на крајот дали планира посебен гест за време на Јубилејот кое ќе го искаже Божјето милосрдие, рече дека такви знаци ќе има многу и дека секој месец планира да прави друг гест.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот