Папата во Кореја прогласи 124 маченици за верата

Папата Фрањо во сабота на 16 август го предводеше свеченото литургиско славење кај вратата Гвангвамун во Сеул каде се собраат речиси милион поклоници и го прогласи за блажен Пол Јун Џи-Чун (1759-1791) и 123 други кои како сведоци за верата се погубени од 1791 до 1888 година за време на владеењето на династијата на Чосон. Во проповедта повика на безусловно заземање за поправедно, послободно и помирено општество, известува Радио Ватикан.

Тие маченици се пример и за денешниот човек во општеството во кое и покрај огромната благосостојба тивко расте во страшно сиромаштво, порача Папата, за што е човекот денес – и дали воопшто – е подготвен да умре. Сведоштвото на тие маченици и денес носи плодови во Црквата во Кореја, која израсна од нивната жртва. Денешниот свет често ги наведува христијаните на склучување на компромис, напуштање на радикалните барања на Евангелието за да се прилагодат на духот на времето. А мачениците го жртвувале имотот, угледот, честа бидејќи Христос го сметале за единствено богатство. Учеле Христос да се стави на прво место и ги запрашат закоравените општествени структури, истакна Светиот Отец.

Посебно се осврна на улогата на лаиците во Црквата. Имено, меѓу новите блаженици има само еден свештеник, а сите други се лаици со различни професии, од најниската до највисоката во општествена скала. Црквата во Кореја е израсната од сведоштвото и заземањето на лаиците кои знаеле да ја сочуваат и да ја пренесат верата. Историјата на Пол Јун Џи-Чунг и неговите 123 придружници, тие „први апостоли“ на Црквата во Кореја, ни го покажуваат значењето, достоинството и убавината на лаичкиот повик, истакна Папата. Тие се пример за значењето на љубовта во верскиот живот. Искреноста на нивното сведоштво за Христос која се гледа во прифаќањето на еднакво достоинство на сите крстени доведува до живот во братство, кое пак ги доведе во прашање тогашните општествени структури, рече Папата. Нивното одбивање за одвојување од Бог, од љубовта кон ближниот и денес на нас во општество на богатства кое многу ретко го слуша крикот на сиромашните, нѐ поттикнува да се грижиме за нашите браќа и сестри кои се во потреба.

Папата пред Литургијата помина во отворениот џип низ мноштвото поклоници кои воодушевено го поздравуваа. Во текот на возење застана кај групата на семејства на жртвите на потонатиот траект Севол слезе од возилото и разговара со нив, извести Катпрес.

На крајот на Литургијата за беатификација, надбискупот кардинал Андрју Џеом Со – Јунг кој на кардиналска чест го воздигна папата Фрањо во февруари ова година, му заблагодари на Светиот Отец за величественото славење, замоли за благослов и повика да се моли за Кореја.

Папата Фрањо третиот ден од својата посета на Република Кореја го започна со посета на светилиштето Сео Со Мун местото каде што се погубени првите корејски маченици. Во попладневните часови се упати во Котонгна, рехабилитациски центар за луѓе со посебни потреби.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот