Папата Фрањо во Апостолската палата ја прими словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар. Потоа, претседателката се сретна со кардинал Паролин и монсињор Ваховски во Државниот секретаријат. Во разговорот се осврнаа на односите Црква-држава во земјава, состојбите на Западен Балкан, конфликтите на Блискиот Исток и Украина.
Приватниот разговор на папата Фрањо со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар, која на 5 декември 2024 година, ја прими во аудиенција во Апостолската палата во Ватикан, траеше 25 минути. Претседателката потоа се сретна со државниот секретар кардинал Пјетро Паролин и монсињор Мирослав Ваховски, потсекретар за односи со држави и меѓународни организации.
Разговори во Државниот секретаријат
Во срдечниот разговор во Државниот секретаријат беа истакнати добрите односи меѓу Светиот Престол и Република Словенија – стои во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол – а беа споменати и некои отворени прашања во односите меѓу Црквата и државата. нагласувајќи го придонесот на Католичката црква во словенечкото општество. Потоа, соговорниците се осврнаа на различни прашања од меѓународен карактер, со посебно внимание на подрачјето на Западен Балкан и конфликтите на Блискиот Исток и Украина – се истакнува во соопштението.
Подароци
За време на традиционалната размена на подароци, Папата и подари на претседателката Папски документи, овогодинешната Порака за Светскиот ден на мирот и книга Statio Orbis за 27 март 2020 година, објавена од Ватиканската издавачка куќа. Претседателката возврати со дрвено уметничко дело на кое е прикажано срце и неколку словенечки слатки.
Ватикан њуз/к.мк