Младите од Свети Иван Крстител на поклонение во Скопје

Младите од Свети Иван Крстител на поклонение во Скопје

Во понеделник 12 јуни 2017 година повозрасната веронаучна група од парохијата Свети Иван Крстител – Струмица со своите свештеници о. Гоце Костови и о. Атанас Сирачев го посетија светилиштето на Мајка Тереза, како и други црковни објекти и институции.

Денот младите го започнаа со света Литургија во парохиската црква во Струмица, а прва дестинација беше Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје. Таму беа пречекани од монс. Циримотиќ, с. Наталија и богословот Спасе Спасов, а монс. Циримотиќ на младите им ја претстави катедралата, знаменитостите во неа и оргулите, како и работата на Македонски Каритас. Богословот Силвер Митев покажувајќи ги просториите на Радио Марија Македонија ги запозна младите со работата на радиото.

Потоа младите од парохијата Свети Иван Крстител се упатија во светилиштето на Мајка Тереза, каде ги принесоа своите молитви молејќи Света Бројаница.

Во понатамошниот дел младите посетија и други знаменитости од градот Скопје. За време на патувањето кон Струмица се разговараше за убавината на свештеничкиот живот и служба, како и за Господовиот повик на посветен живот.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот