Папата: Вие сте повикани да се посветите на општото добро
„Ако христијаните се ослободат од директната одговорност во политиката, тоа би значело дека се менува мисијата на верниците лаици, повикани да бидат сол и светлина на светот“. Ова го пишува папата Фрањо во говорот што го имаше пред Италијанската Заедница за христијански живот и Мисионерската лига на студентите во Италија, кои ги прими во аудиенција во Ватикан. Присуствуваа вкупно 5.000 лица.
Во говорот Папата укажа на некои водечки линии за духовниотживот и за патот на заедницата. Првата линија е обид да се шири културата на правдата и мирот. Во текстот се наведува дека „се соочувате со културата на незаконитоста, корупцијата и судирот, вие сте повикани да се посветите на општото добро и преку служењето за луѓето, наречено политика. Како што беше истакнато блажениот Павле VI, таа е највисоката и бара форма на милосрдие”.
Како втор апостолски приоритет Папата ја истакна „пастирската дејност за семејството“, со оглед на длабочината на нејзиното разгледување за време на последната Синода на епископите. „Ве охрабрувам да им помагате на епископските заедници, за обраќање на повеќе внимание на семејството, енергична клетка на општеството и за придружување на младите на патот на брачниот живот“. Во исто време, да соработувате „за приопштување на оние кои се имаат тргнато од овој пат: меѓу нив има многу разведени кои страдаат од пропаднатиот план за сопружнички живот, како и други ситуации на недоразбирања во семејството“.
Третата линијата е мисионерството, како „способност за приближување и пружење на помош на најсиромашните световни периферии“.
РВ/В.Н.