Божиќната пештера и божиќното дрво создаваат порака на надеж и љубов, помагаат да се создаде соодветна божиќна атмосфера за да се живее со вера таинството на раѓањето на Откупителот – рече папата Фрањо на донаторите кои ги прими во салата Павле VI на 9 декември 2016 година.
Божиќната пештера и божиќното дрво создаваат порака на надеж и љубов, помагаат да се создаде соодветна божиќна атмосфера за да се живее со вера таинството на раѓањето на Откупителот Кој на светот дојде во едноставност и понизност – рече папата Фрањо на донаторите на божиќното дрво и божиќната пештера. Стеблото високо 25 метри е донирано од шумарското друштво Лагораи додека божиќната пештера ја подарија епископите и владата на Малта, а се поставени на плоштадот Свети Петар. Се заблагодари и на децата кои со помош на фондацијата „Lene Thun“ го украсија стеблото: обоените топки кои ги изработија ги претставуваат вредностите на животот, љубов и мирот, кои Христовото раѓање секоја година од ново ги нуди – рече Папата.
Божиќната пештера која ја постави Гозо Манвел Грех репродуцира малтешки пејзаж и „luzzu“ типичен малтешки брод кој воедно потсетува на тажната и трагична реалност на мигрантите кои со бродови се обидуваат да дојдат до Италија. Светиот Отец повика да погледнеме и на она низ што Исус поминал: во Витлеем не нашол сместување, туку се родил во пештера, а не долго по раѓањето свети Јосиф, неговата мајка Марија и Него ги води во Египет за да ја избегнат заканата на Ирод – рече Папата.
Светиот Отец изрази надеж дека тие кои ќе ја посетат божиќната пештера ќе ја откријат нејзината симболична вредност, а тоа е пораката на братство, споделување, прифаќање и солидарност. И божиќните пештери во црквите, во домовите како и на многу јавни места – продолжи Светиот Отец – нѐ повикуваат во нашите животи и во општеството да направиме место за Бог, сокриен на лицата на толку луѓе кои се во неволја, беда и сиромаштво.
Светиот Отец истакна дека божиќното стебло е дојдено од шумата Скуреле во подножјето на планинскиот масив Лагораи. Станува збор за прекрасен пејзаж, а убавината на таа сцена е повик на контемплација со Создателот и почитување на природата, дело на рацете негови – смета папата Фрањо. На крајот од својот говор ги повика присутните да се молат за него и на нив, нивните семејства и сограѓани упати Божји благослов.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк