Папата благослови јагниња на празникот света Агнеза

На 21 јануари 2016 година во капелата Урбан VIII Папата благослови две јагниња, благословени на празникот света Агнеза. Нивната волна ќе биде искористена за изработка на палиуми за новите надбискупи митрополити. Палиумот е литургиски знак на чест и власт, а носи Папата и надбискупите митрополити во своите Цркви. Се работи за тесна лента од волна украсена со шест црни крста.

Палиумите се чуваат во посебна урна во гробницата на свети Петар додека не ги благослови Папата на 29 јуни на празникот на светите апостоли Петар и Павле. Минатата година Светиот Отец ја промени церемонијата на предавање на палиумите, така што надбискупите можат да ги примат и од рацете на месниот Апостолски нунциј во земјата на надбискупот.

РВ/к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот