Папата благослови камен темелници на каритативни домови

Папата благослови камен темелници на каритативни домови

Папата Фрањо го благослови камен темелниците на двата каритативни домови на плоштадот Свети Фрањо Асишки во колумбискиот град Картахена, исто така го посети домот на локалните каритативни работници.

Едниот дом ќе служи како засолниште за бездомници, а другиот ќе биде дом за жртвите на трговија со луѓе. Вториот дом го гради организацијата „Талита Куми“ (Мк 5, 41), Меѓународна мрежа на посветен живот за борба против трговијата со луѓе. Таа мрежа делува во 70 земји во светот, борејќи се против трговијата со луѓе, искористувањето на луѓето и проституцијата.

Откако ги благослови камен темелниците на новите домови, папата Фрањо кратко ја посети куќата на госпоѓа Лорензи, 77 годишна жена која повеќе од 50 години работи како волонтерка во локалната кујна за сиромашни.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот