Прослава без посети заради пандемијата, но опкружен со топлина и молитва, со посебни мисли посветени на жртвите на коронавирусот, со тие зборови надбискупот Георг Генсвајн во разговор за Радио Ватикан, ја опиша прославата за роденденот на почесниот Папа.
Скромно и во благодарност на Господ – така Бенедикт XVI го прослави 93-от роденденот, во манастирот Матер Еклесија во Ватикан. Почитувајќи ги мерките потребни за да се избегне заразата почесниот Папата не прими посети – рече во разговор за Радио Ватиан надбискуп Георг Генсвајн. Сепак, личниот секретар на Папата Рацингер додаде: Прими многу телефонски повици, како и честитки преку пошта и електронска пошта.
Почесниот Папата е информиран за настаните кои се поврзани со пандемијата и секојдневно се моли за болните и сите оние кои страдаат од вирусот. Бенедикт XVI учествува во жалоста за многуте починати, но – како што рече надбискупот Генсвајн – не дозволува да му ја украдат надежта.
Ватикан њуз/ к.мк