Давидовото плачење поради суровата смрт на син му кој се свртел против него, е пророштво на љубовта на Бог Отец кон нас, љубов која отиде сѐ до Исусова смрт на крстот – истакна папа Фрањо вчера на светата Литургија во Домот на света Марта и напомена – Господ е татко кој никогаш не се откажува од своето татковство.
„О, да бев умрел јас наместо тебе, Авесаломе, сине мој, сине!“ Тоа е тежок Давидов крик кој плаче поради смртта на својот син. Првото читање од Литургијата од Втора книга Царства го опишува крајот на долгата битка која Авесалом ја води против својот татко, царот Давид, за да го презеде неговиот престол – рече папа Фрањо вчера на Литругијата во Домот на света Марта, истакнувајќи дека Давид трпел поради таа војна која против него ја крена неговиот син Авесалом, уверувајќи го народот да се бори заедно со него, така што Давид морал да побегне од Ерусалим за да го спаси сопствениот живот.
Давид беше бос, со покриена глава и повреден, некои на него фрлаа камења зашто сите беа со Авесалом кој ги излажа и заведе со човечки ветувања – рече Папата и додаде: Првото читање од литургијата го опишува Давид кој исчекувал новост од боиштето и на крајот доаѓа гласник кој му јавува: „Авесалом загина во битката!“ Давид беше потресен плачеше и кажа: „Сине Авесаломе, сине мој! Сине мој Авесаломе! О, да бев умрел јас наместо тебе!“ Оние кои беа со него, се чудеа на таа реакција.
Го прашаа: „Зошто плачеш? Тој беше против тебе, се одрече од тебе, ја негираше твојата власт, те навредуваше, те прогонуваше, подобро слави бидејќи победи“ – рече Светиот Отец и додаде: Но Давидс амо одговорил: „Авесаломе, сине мој, сине мој!“ и плачеше. Ова Давидово плачење е историски факт, но и пророштво. Ни го покажува Божјето срце, и што Господ прави со нас кога се оддалечуваме од Него, кога со гревот се уништуваме самите себе, кога сме дезориентирани и изгубени. Господ е татко и никогаш не се откажува од своето татковство и поради тоа е: „Сине мој,сине мој“.
Давидовите зборови: „О, да умрев јас наместо тебе, Авесалмое, сине мој!“, се пророчки и во Бог стануваат вистинитост – рече папа Фрањо и проодлжи: Многу е голема татковската Божја љубов која ја има кон нас, зашто умре наместо нас. Стана човек и умре за нас. Кога го гледаме крстот, мислиме на ова: „О, да умрев јас наместо тебе!“. Да го послушаме гласот на Отецот кој во Синот ни вели: „Сине мој, сине мој!“. Бог не се откажува од своите деца и не преговара за своето татковство.
Божјата љубов оди до крајни граници. Оној кој е на крстот е Бог, Син на Отецот кој е испратен за да го даде животот за нас. Во лошите моменти од нашиот живот кои сите ги имаме, во моментите на грев и оддалечување од Бог, ќе ни помогне да го слушнеме тој глас во срцето: „Сине мој, ќерко моја, што тоа правиш? Немој да се убиеш, те молам! Јас умрев за тебе“. Исус плачеше гледајќи го Ерусалим; плаче зашто не му дозволуваме да нѐ љуби. Во моментите на искушение и грев кога се оддалечуваме од Бог, да се обидеме да го слушнеме тој глас: „Сине мој, ќерко моја, зошто?“ – рече на крајот Папата.
Ватикан њуз/к.мк