Осум години од изборот на папата Бенедикт XVI

Ватикан, 19.4.2013 /к.мк/ – „Понизен слуга во Лозјето Господово“ со овие зборови на 19 април 2005 година, папата Бенедикт XVI се претстави на светот по неговиот избор за 264 Петров наследник.

За духовното наследство од понтификатот на Јозеф Рацингер, сега почесен папа Бенедикт XVI, монс. Винченцо Палат, претседател на Папскиот совет за семејства ќе изјави: „Денес посебно е потребно да се потсетиме на овој ден. Пред сè, за да му благодариме на Господ, што ни даде еден папа како Бенедикт XVI, кој беше понизен работник во Лозјето Господово. Целиот негов понтификат беше обележан со понизност: понизност при што не се штедеше во работата, понизност, која посака да надвладее вистината над секаква друга идеја, понизност на оној кој навистина со љубов го дарува својот живот.

Монс. Палат проговори и за историската средба меѓу папата Фрањо и Бенедикт XVI во Кастел Гандолфо на која беше пријатно да се слушнат зборовите: „Ние сме браќа”:

„Гледајќи ги овие две лица, во мојот ум спонтано се навраќав на нивните претходници. Размислувајќи за Иван ХХІІІ, папата Лучијани, но исто така и за Иван Павле ІІ, за Павле VI … нивните приказни се испреплетуваат со овие двајца папи. Мислам дека треба да му благодариме на Господ, што ни даде папи кои оставија длабоки траги во Црквата и светот”.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<