Осврт на патер Спадаро за понтификатот на папата Фрањо

Средба е клучна категорија на научителството на папата Фрањо кој посакува што која „излегува“ – истакна патер Антонио Спадаро, уредник на познатиот исусовачко списание „La Civiltà Cattolica“, говорејќи за првата година од папството на папата Фрањо.

Папата Фрањо има мисионерска визија за Црквата: тој работи и ќе истрае на мисионерското преобразување на Црквата. Тоа значи дека Црквата, како што тој ја гледа, треба да биде отворена кон светот, затоа што Папата сака на сите да се навестува Евангелието, на секој човек без разлика на неговата животна состојба. Затоа говорот на Папата е природен, едноставен, обичен, би рекол нормален. Неговата цел е да дојде до секој човек – рече патер Спадаро.

На прашање на што ќе се фокосира Папата следните месеци, рече дека тоа не може да се предвиде; ние тоа не го знаеме, а можеби не знае ни Папата. Тој нема во главата апстрактни идеи за примена во реалноста, за реалноста да ја обликува според своето гледање. Папата оди чекор по чекор, ги чита знаците на времето и ги следи процесите во Црквата, секако во односот на животот во светот. Тоа значи дека смета најважно е да се следи што се случува како и во внатрешната реформа на Црквата. Очигледно е дека денес Црквата во својот развој многу е зависна од младите Цркви, би рекол се менува гледањето на Црквата. Пророштвото присутно во младите Цркви станува дел од редовниот живот на Црквата, па и по нејзините претставници во центарот на црковните институции – рече патер Спадаро.

На прашање што папа Фрањо презеде од свети Игнациј, а што од свети Фрањо рече дека Папата пораснал во духовноста на свети Игнациј. Игнациевската духовност е евангелска и се потпира на Господовата присутност во светот. Не е оптимистичка, но е проткаена со надеж. Тоа значи дека Бог веќе делува во светот, а ние доаѓаме по Господ и мораме да ја препознаеме Неговата присутност, а тоа е распознавање. Би кажал дека овој понтификат е препознавање на Божјото делување во светот, во тоа е смислата на игнациевското односно исусовачкото – рече патер Спадаро.

Говорејќи за неговото фрањевско обележје, истакна дека Папата посветува големо внимание на сиромаштвото и она што е важно во животот. Една карактеристика присутна кај свети Фрањо е многу присутна во овој понтификат, а тоа е обнова: добро знаеме дека сонот за обнова на Црквата силно го обележало животот на свети Фрањо како и сонот за рушевината во светот. Затоа сликата „полската болница, сликата за светот на кој и е потребна обнова, е многу присутна во понтификатот на папата Фрањо – рече патер Спадаро.

На прашање за поврзаноста помеѓу прогласувањето за свети блажен Иван Павле II и папата Иван XXIII и апостолското патување во Светата Земја и посетата на Папата на Јужна Кореја, патер Спадаро рече дека средбата е клучна категорија во понтификатот на Папата. Тоа се историски средби, двајца великани од блиското минато, а потоа средбата со Блискиот Исток, кој има свои проблеми и големата средба со Кореја, односно средба со младите од азискиот континент, кои се надеж и иднината на Црквата – рече патер Спадаро.

На забелешка дека Папата се сретнал со големи тешкотии во текот на првата година од понтификатот, рече дека во разговор со Папата почувствувал дека е свесен за проблемите, но и многу смирен и спокоен. Ми рече дека добро спие и добро јаде, а тоа значи дека чувствува внатрешен мир кој му овозможува диретно да се соочува со тешкотиите. Можеби новоста на неговиот стил на некои може да им создаде потешкотии, а тоа е всушност обележје на евангелскиот живот – рече патер Спадаро.

На прашање што би го прашал Папата кога повторно би го интервјуирал, патер  Спадаро одговори дека средбата со Папата е вистинско духовно искуство. Би застанал пред Светиот Отец и би препуштил на негова иницијатива. Тоа би било најинтересно – заврши патер Спадаро.

РВ/Д.И.

 

Категорија: Ватикан

За авторот