Привремениот буџет на Светиот Престол за следната година беше дискутиран на онлајн седница на Ватиканскиот совет за економија, во вторникот на 15 декември, во попладневните часови.
Според соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол, на седницата се дискутираше и за состојбата на пензискиот фонд и за статутот на инвестицискиот одбор кои се во подготовка. За тоа свои извештаи доставија Управата за имот на Светиот Престол (АПСА) и Ватиканската банка (Институт за верски работи – ИОР). На крајот се презентирани се некои прелиминарни податоци од буџетот на Светиот Престол за 2021 година.
Покрај координатор на економскиот совет кардиналот Рајнхард Маркс, на седницата преку Интернет присуствуваа префектот на Секретаријатот за економија, отец Хуан Антонио Гереро Алвеш – ДИ, претседателот на АПСА Нунцио Галантино, директорот на ИОР Џанфранко Мами и претседателот на пензискиот фонд Нино Савели.
Консултациите на овие теми ќе продолжат во февруари 2021 година, стои во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Ватикан њуз/к.мк