Октетот „Schola cantorum” пред скопската публика

Скопје, 20.04.2013 /к.мк/ – Словенскиот црковен октет „Schola cantorum” синоќа во скопската Катедрала Пресвето Срце Исусово ја збогати вечерната Света Миса со црковни напеви. По Светата Миса тие го одржаа својот концерт на кој публиката имаше можност да слушне црковени песни со карактеристичен словенски мелос како што се Блажена ноќ (Blažena noč) и  Мило мило Језус проси (Milo milo Jezus prosi), но и традиционални словенски песни како Триглав (Triglav), Словенец сем (Slovenec sem) и Домовини (Domovini). Две песни од репертоарот беа во спомен на големиот пријател на членовите на октетот – музичарот Томе Пирински. Во негова чест тие ја отпеаа и македонската народна песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ која беше проследена со воодушевување од страна на публиката. Уметнички раководител на октетот е Стане Клинц, а солисти, како што ни беа претставени: Јоже, Милан, Стане, Славко…

Октетот „Schola cantorum” постои веќе 30 години и е основан во Видем Добрепоље, место во близина на Љубљана. (Е.Абјаниќ)

Категорија: Uncategorized

За авторот

Write a Comment

<