Од проповедта на Папата: Црквата не треба да се оградува во „црковна микроклима“

Се случува во Црквата христијаните да се во искушение да бидат со Исус, но не сакаат да бидат со сиромашните и маргинализираните, издвојувајќи се во некоја „црковна микроклима“ која не поседува ништо вистинско црковно – истакна папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 17 ноември во капелата на домот Света Марта.

Да се гледа Исус, но се заборава да се гледа во сиромашниот кој бара помош, во маргинализираниот кој предизвикува одбивност. Искушението кое Црквата го живее во секое време е тоа да се оградува – како што рече Светиот Отец – во „црковна микроклима“, наместо да ја отвори вратата за исклучените од општеството. Проповедта на Папата појдува од една од најсилните страници на Евангелието во која главниот лик е слепиот од Ерихон. Тој претставува прва категорија на луѓе за кои зборува евангелистот Лука – рече Папата. Човекот кој не значи ништо, но кој сака да се спаси, кој сака да оздрави и затоа викал посилно од ѕидот на рамнодушноста кој го опкружувал, се додека не го победил тој предизвик и успеал да затропа на вратата на Исусовото срце.

На тој човек му се спротивставува кругот на учениците кои сакат да го замолчат за да не пречи, а така – според зборовите на Папата – го одделуваат Господ од периферијата. Таа периферија не можела да стигне до Господ, бидејќи мноштвото и ја затворало вратата. Тоа често се случува меѓу нас верниците кога ќе го пронајдеме Господ – рече Папата – се создава – што тоа ние не го забележуваме – таа црковна микроклима. Не само кај свештениците, епископите туку и кај верниците кои – според зборовите на Папата – истакнуваат дека се со Господ.

И поради толку гледање на Господ не ги гледаме Господовите потреби; не го гледаме Господ Кој е гладен, жеден, кој е во затвор, во болница. Господ Кој е во маргинализираниот човек. А таа клима многу штети – рече Светиот Отец.

Папата потоа зборуваше за групи на луѓе кои се чувствуваат избрани, кои велат: Сега сме избрани, со Господ сме, и кои што сакат да го задржат тој мал свет одделувајќи сѐ што го „вознемирува Господ“, па дури и децата. Меѓутоа тие – како што рече Папата – ја заборавиле својата прва љубов. Кога верниците и служителите во Црквата станат некоја таква не црковна група туку „некаква црковна“ група со привилегијата на Господовата близина, во искушение се да ја заборават својата прва љубов која сите сме ја примиле кога Господ нè повикал, спасил, кога ни кажал дека нè сака.

На сцената е и третата група на луѓе, односно едноставниот народ кој го фали Бог заради оздравувањето на слепиот. Колку пати сме сретнале едноставни луѓе, бројни старици кои одат дури и со жртви, одат да молат во некое Богородично светилиште. Тие луѓе не барат привилегија, туку само милост – истакна Папата. Тој е верниот народ кој знае да го наследува Господ не барајќи никаква привилегија, кој е способен да го троши времето со Господ и кој најповеќе не ја заборава маргинализираната Црква, децата, болните, затворените.

Да молиме од Господ милост сите ние кои ја имаме таа милост дека сме повикани, никогаш, ама баш никогаш да не се одделиме од таа Црква. Никогаш да не влеземе во таа микроклима на црковни ученици, привелигирани луѓе кои се одделуваат од Божјата Црква која трпи, која бара спас, која бара вера, која го бара Словото Божјо. Да молиме милост да бидеме верни на Божјиот народ, не барајќи од Господ некаква привилегија која нè одделува од Божјиот народ – рече на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот